01

Пероизводство на свежи
конзумни јајца

02

Одгледување на
еднодневни пилина

Our Introductions

Живинарска фарма ДОЛНЕНИ

Здрави јајца за здрав живот

Нашата семејна фирма е основана во 1992 година со почетен капацитет од 1.200 кокошки, под името СТД ЈОКИ КОМЕРЦ Брвеница. Од тој момент до денес, континуирано инвестираме во проширување на капацитетите и унапредување на квалитетот на нашите производи.

Our Services

Главни дејности

Производство на конзумни јајца

Здраво јајце - Без ГМО

Одгледување на подмладок

Производство на храна за несилки

Производтство на житни култури

Кокошки
Пилина
Вработени
Години искуство

Видео

Погледете го видеото

Production process

Процес на производство

Производството на јајца не започнува со дистрибуција на јајцата во маркетите, туку многу порано. Како и со одгледувањето на другите животни, така и со кокошките, процесот започнува со планирање на периодот за прием на еднодневните пиленца и спремање на објектите за нивно сместување.

Еднодневните пиленца пристигаат на фармата уште првиот ден по испилувањето во инкубаторската станица. Убаво исчистените и затоплени објекти (32 – 34 степени) се подготвуваат барем еден ден претходно за прием на 25.000 – 30.000 новородени „бебиња“. Околу малите пиленца се води 24-часовна грижа, со посебен фокус на планот за имунизација и создавање силен имунолошки систем. Во текот на одгледувањето, будно се следи нивната состојба и прираст. Наша филозофија е дека „Здраво јајце може да се произведе само од здрави кокошки“, Затоа сме силно посветени на имунизацијата и создавањето здрави кокошки кои ќе можат да произведуваат здрави јајца. Покрај здрави кокошки, за производство на ЗДРАВО ЈАЈЦЕ е потребна и здрава храна. Таа се произведува од внимателно одбрани компоненти кои ги задоволуваат критериумите за безбедност и квалитет. Храната за нашите кокошки се произведува во сопствениот погон, каде секојдневно се мелат и мешаат различни житарици. Горди сме што го имаме имплементирано ДУНАВ СОЈА Стандардот за производство на БЕЗ ГМО храна, што ни овозможува производство на јајца од кокошки хранети без генетски модифицирана храна.
NO GMO

Стандарди без ГМО

Наша филозофија е дека „Здраво јајце може да се произведе само од здрави кокошки“, Затоа сме силно посветени на имунизацијата и создавањето здрави кокошки кои ќе можат да произведуваат здрави јајца. Фарма Долнени има сертификат за БЕЗ ГМО ПРОИЗВЕДЕНО

100% природен

одгледувани во средина каде што кокошките се хранат со исклучиво природна храна,

Гарантирано квалитетен

под континуирана контрола за почитување на сите стандарди за безбедност и хигиена.

Еколошки свесен избор

ашето производство го поддржува одржливиот развој и ја зачувува природната рамнотежа.

Зошто да изберете нас?

Квалитетот на нашите јајца е загарантиран бидејќи целосно го контролираме
Од одгледување и селекција на најквалитетни житарици за подготовка на храна за кокошките.
Преку одгледување на здрави и квалитетни јарки.
До селекција, пакување и дистрибуција на јајцата до крајните купувачи.