

Get to Know Usd
Фарма Долнени
Нашата семејна фирма е основана во 1992 година со почетен капацитет од 1.200 кокошки, под името СТД ЈОКИ КОМЕРЦ Брвеница. Од тој момент до денес, континуирано инвестираме во проширување на капацитетите и унапредување на квалитетот на нашите производи. Во 2000 година изградивме нова фарма во Брвеница со капацитет од 25.000 несилки, а во 2009 година, со купувањето на фармата во с. Долнени – Прилеп, нашиот капацитет се зголеми за дополнителни 50.000 несилки.
Денес, нашата мала семејна фирма е сериозен производител на јајца на домашниот пазар, со капацитет од 75.000 кокошки и 25.000 пилиња.





